Османи: Законот за јазиците не може да се попречува

 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, запрашан што ќе се случи со Законот за употреба на јазиците, во случај ако опозицијата не се откаже од илјадниците амандмани, побара ВМРО-ДПМНЕ да сноси одговорност за блокирањето на реформските процеси, а со тоа и за спречување на интеграција на земјава во НАТО и ЕУ. Во владиниот реформски план именуван како „3-6-9“, законот претходно беше подвлечен со зелено, сметајќи го како завршена работа.

„Нема назад од донесувањето на законот. Аргументите дека ако се усвои законот ние ќе ги спречиме реформите, мислам дека се неодговорни, ако има такви. Прво, меѓуетничките односи не можат да бидат колатерална штета на партиските агенди на политичките партии. Нема да дозволиме такво нешто. Второ, одговорноста за реформите не е само на политичките партии во владата“, изјави Бујар Османи- вицепремиер за европски прашања.

 

 

 

07.03.2018 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега