При претрес во домот на тетовец, полицијата откри неколку сомнителни кеси

На 05.03.2018 година од 19.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на лицето 34- годишниот А.Л од Тетово.

При претресот биле пронајдени четири кеси со марихуана. Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење, а А.Л. бил приведен.

По целосно документирање на случајот, против А.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

07.03.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега