Детали за синоќешната трагедија во Скопје - бебето било донесено во болница со скршен череп

Полицијата информираше дека вчера околу 19:30 часот е пријавено од болницата „Аџибадем Систина“ дека било донесено 14 месечно женско бебе со скршеница на череп  и крварење во мозокот.

Според пријавата бебето починало во 19:10 часот.

Дел од медиумите вчера објавија дека детето се здобило со повреди во момент кога со својата баба се симнувало по скалите на зградата, се оттргнало од неа и низ скршениот прозорец на меѓуспратот паднало од 2,5 метри височина.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

07.03.2018 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега