Видео: Објавена последната снимка од отруениот руски шпиун - шета со ќерката, а во следниот момент паѓа на земја

После вестите дека поранешен руски разузнавач е отруен во Велика Британија и се наоѓа во критична состојба, исплива и видео од последните моменти пред да се стуши.

Сергеј Скрипаљ бил во трговски центар со својата ќерка Јулија. На снимката од надзорните камери се гледа две лица за кои се верува дека се Скрипаљ и Јулија.

Помалку од половина час после тоа пронајдени се во бесознание на клупа во трговскиот центар. Како што опишал очевидец, очите им биле бели, а пена им излегувала од уста. Итната помош веднаш дошла на лице место, после што Јулија била однесена со хеликоптер во болница, а Сергеј со возило н Брза помош.

Полицијата и понатаму истражува со која супстанца се отруени. 

 

 

 

07.03.2018 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега