Димитров на инаугурација на групата „Пријатели на Македонија“ во ЕП

 Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествува на инаугурацијата на Групата „Пријатели на Република Македонија" во Европскиот Парламент.

Групата „Пријатели на Република Македонија“ е неформална група составена од пратеници во ЕП од различна политичка провиниенција, која во променет и проширен состав по пауза од речиси три години, ја обновува својата работа.

Групата е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Република Македонија во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нејзиниот европски пат.

Како што соопшти МНР, Димитров ќе има излагање на инаугурацијата во кое ќе се осврне на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и Република Македонија. Шефот на дипломатијата ќе оствари и повеќе одвоени средби со пратеници во Европскиот Парламент. 

 

 

 

07.03.2018 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега