Отишле на гости и осиромашиле за 250.000 денари

Непознати сторители, синоќа од домот на гостиварецот Ј.А. (44) украле 250 илјади денари.

Според СВР Тетово, кржбата се случила на улицата „Браќа Блажески“ во периодот од 20 до 23.30 часот, додека домашните не биле во куќата. Провалниците, насилно отвориле еден од подрумските прозорци и влегле во внатрешноста на куќата. По пребарувањето во една од спалните соби, во комода, ги нашле парите, по што заминале,

Според сопственикот, крадците одзеле 250 илјади денари. Полицијата извршила увид и работи на расветлување на оваа кражба.

06.09.2013 - 10:26

најчитано сега