Пронајден е лек за Дауновиот синдром?

 

Научниците дојдоа до ново неверојатно откритие. Се работи за состојка која ги нормализира симптомите на Дауновиот синдром.

Групата научници ја ја тестирале состојката на глувци, а таа успешно делувала само кај оние кои ја примиле уште на денот на раѓањето. Се работи за истражувачите од медицинскиот универзитет Џон Хопкинс на чело со професор Роџер Ривс кои се заслужни за ова големо откритие во медицината.

Според нивните зборови, само една доза од лекот го стимулира мозокот нормално да се развива. Кај заболените од Даунов синдром, мозокот се развива само 60% од нормалната големина.

Периодов се вршат анализи и истражувања за тоа дали лекот ќе може да се применува и на луѓето.

06.09.2013 - 09:42
Фото: 
Денешен

најчитано сега