Видео: Актерка од Скопје исчезна во Америка - пријателите молат за помош

Семејството и полицијата на студентка по глума во Лос Анџелес вчера побарале помош во потрагата по неа. Се работи за 25-годишната Адеа Шабани од Скопје која на 23. февруари исчезнала под сомнителни околности, пренесува КТЛА.

Студентката по актерство исчезнала истиот ден околу 11 часот наутро, соопшти полицијата. Пријателите велат дека ја оставила вратата отклучена, како да очекувала брзо да се врати.

„Не знам, не знам што да мислам“, рекла Мишел Љунгранџ за КТЛА. „Само сакам да ја најдам, ова не личи на неа", пренесе МКД.МК.

Иследниците не објавија никакви информации што укажуваат на нешто сомнително, но пријателите веруваат дека некој ја држи против нејзината волја.

Висока е 165 сантиметри, а тешка шеесетина килограми има руса ксоа и сини очи.

 

 

 

02.03.2018 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега