Молк во Советот на јавни обвинители по критиката на Бејли (видео)

Нема одговори дали Советот на јавни обвинители ќе ги повлече одлуките за изборот на нови јавни обвинители, откако вчера амбасадорот на САД Џес Бејли јавно обвини за непотизам и конфликт на интереси во оваа институција. Првиот човек на Советот Коле Штериев денеска не одговори на телефонските повици- објави Сител.

По објавување на веста дека Штериев присуствувал на седницата на која неговата внука беше избрана за обвинител за организиран криминал и корупција, тој неколкупати јавно тврдеше дека постапката за избор била спроведена според закон, но засега нема негова реакција по вчерашната прозивка од амбасадорот Бејли.

Дали постои непотизам и конфликт на интереси во Советот на јавни обвинители, извесно време истражува и комисијата за спречување корупција.

- Владеењето на правото и враќањето на довербата во правосудните органи се клучи реформи кои треба да се спроведат за враќање на Македонија на патот кон Европската унија. Покрај измени на законските решенија, токму Советот на јавни обвинители и судскиот совет се клучните институциите кои треба да помогнат во реформскиот процес.

Пред неколку месеци амбасадорот Бејли во јавноста го обелодени и скандалот за доделување на огромни суми бонуси во ДИК. Неговата реакција резултираше со оставки на сите членови на Државната изборна комисија.

 

 

 

27.02.2018 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега