Во тек е конкурс за учество во Фулбрајт студентската програма за 2019/2020

 

Министерството за образование и наука информира дека е во тек конкурс за учество во Фулбрајт студентската програма, наменета за визитинг студенти – истражувачи и магистерски студии во Соединетите Американски Држави, за академската 2019/2020 година.

Квалификувани за да се пријават се кандидатите кои завршиле високо образование, или се запишани на постдипломски студии. Тие треба да се граѓани на Република Македонија и да имаат познавање на англискиот јазик, доволно за да може да студираат или истражуваат во САД.

Сите подетални информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција во оваа заедничка студентска програма на владите на САД и Република Македонија, се достапни на веб-страницата на МОН (www.mon.gov.mk) и на Амбасадата на САД во Македонија. 

Крајниот рок за пријавување е 31 мај 2018 година.

 

 

 

27.02.2018 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега