ФОТО: Новиот Интернет хит - пораката која навредени работници му ја оставиле на шефот
Сите вработени во една продавница во Њујорк решиле да му покажат на својот газда колку се навредени од него, па еден ден во текот на нивното работно време му оставиле порака и ја затвориле продавницата.
Секако, фотографијата со брзина на светлината се прошири по социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.
Некои од вработените во њујоршката продавница напишале како времето кое го поминале работејќи во неа било најлошото време кое го поминале во животот.
Во пораката стои: "Драг Џими, бидејќи изјави дека ракот не е доволно добар изговор, и сметаш дека е во ред да ги навредуваш и пцуеш вработените, како што и цело време правиш, даваме отказ! Токму твоето однесување е причината поради која не можеш ниеден работник да задржиш подолго од една година. Наредниот пат добро размисли пред да почнеш вака да се однесуваш со вработените. Ние повеќе нема да го толерираме тоа!"