Заев за БГНЕС: Се надевам на скорешна заедничка литургија на БПЦ и МПЦ-ОА

 

Се надевам дека во многу скоро време ќе има заедничка литругија меѓу македонската и бугарската црква, изјави Заев денеска во Лондон во одговор на прашањето од бугарската агенција БГНЕС дали го поддржува заедничкото сослужување на свештените лица од БПЦ и МПЦ-ОА.

- Во рамки на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ние веќе се договоривме дека ќе ги поддржиме сите натамошни активности што ќе придонесуваат кон продлабочување на соработката. Се надевам дека во многу скоро време ќе имаме заедничка литургија во нашата држава, но и во Бугарија, рече Заев.

Според него заедничкото сослужување, исто така, е начин за заемно поддржување.

Македонскиот премиер и лидерите од земјите на Западен Балкан во Лондон учествуваат на Инвестицискиот форум организиран од ЕБОР.

 

 

 

26.02.2018 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега