ВИДЕО: Направил добро дело кое му го променило животот - од бездомник станал милионер

 

Били Реј Харис пред неколку месеци направи добро дело кое му го промени животот од корен. Една девојка која му оставала пари на овој човек кој питачи, случајно го испуштила својот дијамантски веренички прстен од раката, но овој добар човек по неколку денови и го вратил прстенот на сопственичката.

Иако нема пари за живот, овој питач сепак не го продал прстенот, туку и го вратил на девојката која го барала со денови. Таа на крајот се сетила дека можеби и паднал прстенот кога се наведнала да остави пари, па кога отишла кај човекот, тој и го вратил скапиот веренички прстен.

- Не сакам за себе да кажам дека сум светец, но не сум ни ѓавол, рече овој добар човек кога за него приказната излезе во светските медиуми.

Инаку, од своја страна, девојката која го загуби прстенот и вереникот за да му се оддолжат на питачот , започнале да собираат донации за него. Така тој преку ноќ за добрината која ја направи си заработи 190.000 долари.

Сепак, тоа не е се. Семејството на Харис со кое тој бил разделен 16 години стапило во контакт со него. Претходно тие мислеле дека е тој мртов бидејќи не слушнале ништо за него.

Изгледа среќата навистина му се насмеа на овој човек.

05.09.2013 - 09:54

најчитано сега