Обвинетиот за смртта на малиот Алмир наместо за убиство ќе одговара за „несреќен случај"

Пратеникот Реџеп Мемеди на денешните пратенички прашања во Собранието го праша републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески дали е направена преквалификација на кривичното дел за случајот во кој почина малиот Алмир во Куманово. 

- „Да, пред да  бидам именуван за републички јавен обвинител, во Вишото јавно обвинителство е направена преквалификација на делото, но, сепак, сега случајот повторно е во постапка, односно почна од почеток, и ќе се постапи согласно со закон“, одговори Јовески на прашањето на Мемеди. 

Тоа значи дека сега на обвинетиот му се суди за „несреќен случај со смртни последици“, наместо за убиство.

 

 

 

22.02.2018 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега