Мемеди бара ослободување на Албанците од Монструм и Сопот: Процесите да се вратат на повторно судење

Политичката партија Беса бара ослободување на обвинетите во случаите „Сопот“ и „Монструм“, како и на осуденикот на доживотен затвор во случајот „Алфи“.

Пратеникот од нивните редови, Реџеп Мемеди, тврди дека ова се монтирани процеси: - „Осуденикот Керими е во затвор без никакви докази и аргументи, обвинет во незаконска постапка. Во последните денови беше објавен видеоматеријал што докажува дека постапката е лажирана“, вели Мемеди од Беса, пренесе Макфакс.

Според пратеникот, вистинскиот убиец е на слобода. „Со тоа, ова е уште еден монтиран процес против Албанците“, рече Мемеди.

 

 

 

22.02.2018 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега