Детали за грозоморниот настан во Штип: Штипјанецот бил убиен, полицијата откри од кого

Првичните сознанија од истрагата на штипската полиција говорат дека 62-годишниот Т.Б., кој вчера беше пронајден мртов во неговиот дом на улицата „Сутјеска“, бил убиен од неговиот 29-годишен син Г.Б и негов пријател, на возраст од 24 години.

Гордана Панајотова портпарол на Штип вели дека најпрвин во раните утрински часови почнала кавга меѓу синот и починатиот Т.Б по што синот почнал да го удира со тупаници и тапи предмети, а потоа со нож му нанел смртоносни повреди во пределот на главата.

Двете лица, кои се осомничени за кривично дело убиство, се наоѓаат во  Основниот суд во Штип, кај судија на претходна постапка. 

Засега не се познати мотивите за убиството. 

 

 

 

22.02.2018 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега