За пет минути прегазени тројца пешаци кај „Веро Џамбо" - едно лице на Ургентен

Три лица синоќа беа прегазени во две одделни сообраќајни несреќи кои во период од пет минути се случиле на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

-Во 21 часот и 55 минути патничко моторно возило „Тојота“ со скопски регистерски таблици, управувано од Н.Л. удрило во пешаците С.Ѓ. (24) и М.П.(25).

Од ударот С.Ѓ се здобила со телесни повреди и укажана и е помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“, по што е пуштена на домашно лекување. М.П. е пренесена во Ургентен центар, каде и е укажана помош и е пуштена на домашно лекување, информираат од МВР.

На истиот булевар во 22 часот патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со скопски регистерски таблици, управувано од 30-годишниот А.З. од Скопје удрило во пешакот Т.Г. (45) од Скопје.

Т.Г. е пренесена во ГОБ „8 септември“.

 

 

 

22.02.2018 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега