Амбасадата на САД „разочарана“ од изјавата на Рама

Амбасадата на САД во Тирана соопшти дека е разочарана од изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можноста од обединување на Косово и Албанија.

Американската Амбасада ја оцени изјавата на Рама како „невнимателна реторика“.

- Амбасадата на САД е разочарана од изјавата на премиерот Рама за Косово и Албанија по повод 10-годишнината од независноста на Косово. Невнимателната реторика, со која се алудира на обединување, не е од помош и нанесува штета на односите на Албанија со соседите. Сите лидерите треба да бидат добри соседи и да се откажат од реториката од минатото, што создава поделби, се наведува на пораката објавена на Твитер.

Пораката е објавена на албански и на англиски јазик.

Рама во неделата во Приштина изјави дека „Албанија и Косово ќе имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии“.

- Зошто да нема дури и еден претседател како симбол на националното единство и заедничката национална безбедносна политика, наведе Рама на свечената седница на косовското Собрание по повод 10-годишнината од независноста на Косово.

Рама денеска изјави дека неговата изјава е извадена од контекст. 

 

 

 

21.02.2018 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега