Села оствари средба со Африм Гаши

Обединетата опозиција од редовите на Албанците на следните избори може да ја собори од власт ДУИ, изјави претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, по средбата со новоизбраниот претседател на БЕСА, Африм Гаши.

- „Тоа прашање се уште не е јасно како се случува или што ќе се случува. На крајот на краиштата на органите на БЕСА ќе одлучат. Ние се уште немаме таква одлука, кога ќе имаме конкретна понуда, одлуките кои ќе ги донесеме потоа треба да бидат наши автохтони и треба да ги прифатат сите така како што ние ги прифаќаме одлуките на останатите субјекти“, изјави Африм Гаши, Движење Беса, пренесе Алсат.

 

 

 

21.02.2018 - 19:42
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега