Законот за јазиците наредната недела пред пратениците

Наредната недела Законот за јазиците најверојатно повторно ќе се отвори во Собранието кое вчера почна со работа по две недели пауза. 

Предвид доаѓаат среда или четврток, за да се избегне вторникот, 27-ми, кога се закажани Семакедонски протести за заштита на името на државата и на идентитетот.

Од ДУИ доаѓаат неофицијални најави дека не треба повеќе да се одолговлекува. За нив, тоа е завршена работа која треба да финишира со гласање на најмалку 61 пратеник без било какви интервенции во текстот, пренесе Телма.

Неофицијално, последните напори да се најде политичко решение биле поврзани со членот 22 кој ги уредува казнените одредби, а на кој се поднесени над 33 илјади од вкупно 35 илјади 569 амандмани. 

 

 

 

21.02.2018 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега