Радев: Македонија е прекрасна земја, носиме исти имиња, славиме исти празници, нема потреба од преведување на јазикот

Во интервју за агенцијата МИА, бугарскиот претседател Румен Радев на македонската јавност и откри некои помалку познати факти за себе, неговите желби за она што му недостасува, пишува МИА, презентирајќи го претседателот како пилот , нуркач, рокер, војник.

Во интервјуто, тој вели дека летањето секогаш ќе му недостасува. Откако станал претседател, пилотирал само два пати - еднаш на покана на американските воздухопловни сили со легендарниот борец Ф-15 и втор пат на покана на францускиот претседател Емануел Макрон кога пилотирал француски борбен авион. 

„За мене летањето не е само симбол на прогресот, ниту е истражување на границите на човечките можности, тоа е магија и оној кој еднаш е освоен од оваа магија, засекогаш ја задржува во срцето свое. Летањето е љубов и убавина, начин да се откриеме повторно и повторно“, вели бугарскиот претседател Радев.

Запрашан која од неговите функции е полесна - да командува со воздухопловните сили или да биде претседател, Радев одговара дека и двете се многу важни и многу одговорни служби. Тој вели дека е многу тешко да се комбинираат семејни и владини должности, но важно е да се има љубов и разбирање - тогаш сите проблеми се решени. 

Румен Радев признава дека знае многу за Македонија, многу научил за тоа, но за жал тој е за прв пат во земјата.

– За Македонија знам многу, сум учел многу, сум слушал многу, но за жал првпат сум тука. Тоа е многу пропуштено време и треба да го надоместам. Македонија е една прекрасна земја, со неверојатни луѓе. Имав можност шетајќи тука да сретнам луѓе со кои имав исклучително пријатни средби. Ние носиме исти имиња, славиме исти празници, нема потреба од преведување на јазикот, прекрасно се разбираме. Се надевам дека ќе можам почесто да доаѓам тука и веќе му ветив на претседателот Ѓорге Иванов ова лето да се видиме на Охридското езеро кое за мене една голема мечта.

 

 

 

18.02.2018 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега