ММФ со препораки за спас на Пензискиот фонд на Македонија

Зголемување на старосната граница за пензионирање, порастот на пензиите да ја следи инфлацијата и државата да најде механизам да се затвори дупката во законот за предвремено пензионирање. Ове се препораките на шефот на мисијата на ММФ за Македонија, за намалување на дефицитот во ПИОМ. Ваквата ситуација е неодржлива и нешто мора да се случи, јавува Сител.

Неопходни се структурни реформи за да се спречи одливот на младите од Македонија. Си одат квалитетни кадри, што многу ја чини нашата економијата. За да ги задржи препорачуваат  отворање нови работни места, реформи во судството, институциите и образованието, пониски  даноци, владеење на правото

Македонската монетерна политика е добро поставена, изјави  членот на Извршниот одбор на ЕЦБ. Препорачува – простор за паника од нова финансиска криза – нема. Каматите засега нема  да се зголемуваат

Според гувернерот Богов оваа деценија ќе биде вистински предизвик за донесеување политики и управување со финансиски средства.  Се уште постојат геополитички ризици, ризици од прекумерна задолженост и отпорност на финсискиот сектор од потенцијални нови шокови.  Како да постапат креаторите на политиките и како да одговорат на предизвикот – дебарира на меќународната конференција која се одржа во Скопје, а каде присуствуваше  светсклата финансиска елита.

 

 

 

16.02.2018 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега