Владата распиша тендер за набавка на месо

Службата за општи и заеднички работи на Владата објавува оглас за доделување на договор за јавна набавка на свежо месо за вредност 40.000 евра.

Како што стои во објавата на Електрoнскиот систем за јавни набавки се купува секаков вид на свежо месо, јунешко, телешко, свинско, прасечко, јагнешко и јарешко.

Договорот што ќе биде склучен ќе се однесува на период од една година.

Оваа набавка е објавена на 15 февруари, а, пак, понудите ќе можат да се достават до 7 март.

 

 

 

 

15.02.2018 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега