Зимата нема крај - викендов голема промена на времето

Времето денеска ќе биде облачно со умерен северен ветер, на повисоките места и снег.

Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, особено во сабота, додека во недела кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а нови врнежи се очекуваат од почетокот на наредната недела.

Снег со слаб интензитет провејува во Дебар, Маврово, Стража, Пресека и Струга, кој во моментов не се задржува на коловозот. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 

 

 

15.02.2018 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега