Министерот Филипче најави изградба на нова болница во Струга

Министерот за здравство Венко илипче денеска беше на работна посета во градот Струга, каде најави изградба на нова општа болница. Тој долго најавуваше реконструкција на старата болница, но сега го промени ставот и најави изградба на нова.

Објектот на болницата кој што е стар повеќе од пет децении е во лоша состојба, иако покрива територија од 60.000 жители, а во неа се лекуваат и пациенти од други градови но и од соседна Албанија. Филипче кажа дека сакале за првпат во здраствениот систем во Македонија да го вклучат принципот на јавно приватно партерство.

Најверојатно е дека ќе има градба на нова болница, која ќе биде на нова локација. Разговаравме за потенцијалните локации заедно со граодначалникот и членовите на неговата екипа во градот и се повеќе сме уверени дека тоа е едно од најдобрите сценарија за градот и за оваа општина“, изјави Венко Филиче- министер за здравство.

 

 

 

15.02.2018 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега