Османи: Не е време да се кажуваат детали за преговорите за името

Не е време да се откријат сите детали околу преговарачкиот процес за спорот со името, се уште четири од клучните седум точки се во фаза на преговори и се бара решение.

Ова денеска го изјави Бујар Османи, кој ја отвори националната трилатерална конференција за „Евроинтеграциите на Македонија и иднината на Европската унија“.

Инаку, статусот на реализацијата на реформите во клучните области содржани во Планот 3-6-9 како и новите потенцијали согласно пораките содржани во новата Стратегијата на ЕК за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година беше главна тема на 38. седница на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) што се одржа денеска во Владата во рамки на генералниот колегиум, со која претседаваше вицепремиерот задолжен за европски прашања.

 

 

 

15.02.2018 - 12:19
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега