Детали за синоќешната сообраќајка кај Гиновци- две лица завршија на Клиника

 
 
Синоќа во 18 часот и 20 минути на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово на место викано „Љубински ливади“ во атар на село Гиновци, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од 36- годишниот С.В од село Радибуш, и патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 39- годишниот Г.Р од село Псача, Крива Паланка.
 
 
Во незгодата возачот на тракторот С.В. и сопатникот 45- годишниот Г.Ѓ од село Конопница, Крива Паланка, се пренесени во Здравствен дом Крива Паланка, од каде Г.Ѓ. поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" Скопје.
 
Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

 

14.02.2018 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега