Близнаци во кралското семејство- што принцот Вилијам вели на тоа

Додека неговата сопруга Кејт чека да го роди третото дете, принцот Вилијам вели дека се подготвува за доаѓањето на бебето така што спие колку може повеќе, бидејки знае дека подоцна нема да ја има таа шанса.

Иако некои медиуми пишуваа дека Кејт очекува близнаци, Вилјам за британските медиуми потврди дека тоа не е вистина, како и дека е не би бил воодушевен ако тој и принцезата чекаа близнаци.

– Близнаци? Моето ментално здравје би било загрозено ако добиеме близнаци. Две деца е супер, но не знам како ќе се справиме со три. Мислам дека ќе бидам трајно уморен, изјавил принцот.

Вилијам и Кејт ги имаат Џорџ и Шарлот, а Кејт третото дете треба да го добие во април. Сеуште не е објавен полот на детето.

 

 

 

13.02.2018 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега