Водостоите на реките над просекот за февруари

Водостоите на речиси сите реки во земјава денеска се над просекот за февруари, но се бележи благо намалување во однос на вчера, покажуваат најновите мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Два и пол пати пониско ниво од просечното има Црн Дрим кај Ложани, а малку помал од вообичаениот е водостојот на Црна Река кај Новаци, Брегалница кај Штип и Крива Река кај Крива Паланка.

Нивоата, пак, на природните езера се во рамките на повеќегодишниот просек за овој месец. 

 

 

 

13.02.2018 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега