Бугарскиот Културен Клуб до Заев: Откажете се од историјата која е измислена

Македонија да ги подари на Грција сите споменици кои се посветени на античка Македонија и да не именува улици и институции со имиња на историски личности кои претставуваат конфликт на интереси меѓу двете земји. Ова го бара Бугарскиот културен клуб од премиерот Зоран Заев, Никола Димитров и Талат Џафери.

Од Бугарскиот Културен Клуб велат дека целта е брзо да се реши спорот за името, а цената е Македонија да се откаже од историјата која за нив е измислена.

- „Настојуваме во договорот кој ќе ги регулира односите меѓу нашата земја и Грција да биде запишано дека сите земји, кои вклучуваат во сопствените граници дел од географска Македонија имаат право да го користат името Македонци и македонски во духот на своите историски и етнографски традиции – за песни за етнографски носии , трговски марки, традиционална литература и историски настани и факти кои го вклучуваат името Македонија, придавајќи му смисла која преовладува во соодветната земјата“, велат во од БKК за декларацијата.

 

 

 

13.02.2018 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега