Започна последната недела пред Големиот пост - ова не треба да се јаде до понеделник

Сиропусна недела, (Масленица), е последната подготвителна седмица пред Великиот Пост, односно седмата недела пред Пасха. За време на оваа седмица, која следи после месопусната, христијаните го имаат отстрането месото од трпезата, а благословено е да се јаде млеко и млечни производи, јајца и риба.

Снисходејќи кон нашите немоќи и постепено воведувајќи нè во подвигот на постот, Црквата востановила во последната седмица пред Четириесетницата да се употребува само млечна храна, „за ние, од месо и многујадење да бидеме приведени кон строго воздржување… малку по малку, отргнувајќи се од слатките јадења, да го започнеме подвигот на постот.“

Последната недела пред Великиот пост во Триодот е именувана уште и: „Недела сиропусна, на изгонувањето Адамово“. Во овој ден се спомнува настанот на изгонувањето на нашите прародители од рајот. Преку химните во сирната седмица Црквата ни покажува дека оваа седмица е тесно предворје на покајанието, предпразненство на воздржанието, седмица предочистителна. Во своите песнопеења Светата Црква нè поканува на двојно воздржување, спомнувајќи за гревопадот на прародителите, кој произлезе токму од невоздржанието. Во сирната сабота се совршува споменот на светите мажи и жени, кои засветлиле во подвигот на постот.

Со примерот на светите подвижници, Црквата нè засилува за духовен подвиг: „угледувајќи се на незлобивото живеење, да твориме многувидни и различни добродетелни дела, секој според своите сили“, помнејќи дека и светите подвижници и повижнички прославени во Црквата, биле луѓе облечени во немоќна плот, како и нас.

 

 

 

13.02.2018 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега