Загинатите планинари биле членови на планинарското друштво „Трансверзалец – Скопје“

Загинатите планинари биле членови на планинарското друштво „Трансверзалец – Скопје“, кое и е организатор на планинарската тура, потврдуваат извори од друштвото за „Слободен печат“.

Оттаму велат дека иако планинаската тура не е тешка сепак веројатно густата магла е причината заради која планинарите кои се одвоиле од групата се изгубиле.

Грчките медиуми јавуваат дека се пронајдени телата на заскитаните планинари (маж на 35 и девојка на 25 г) во областа Свети Илија на Кајмакчалан. Се смета дека се туристи кои се изгубиле низ планината одделувајќи се од група планинари.Ја минале македонската граница и навлегле на територија на Р.Грција.

 

 

 

 

11.02.2018 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега