Прегзен пешак со тешки повреди итно донесен на скопските Клиники

Околу 18 часот синоќа на локалниот пат село Режановце кон регионалниот пат Куманово – Липково се случила сообраќајна незгода во која 22-годишниот Т.Р.  од Куманово, управувајќи патничко возило „Рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во пешак.

Се работи за 48-годишниот С.А. од Куманово, кого по незгодата Т.Р. со своето возило го пренел во болницата во Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите, С.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пренесе полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

 

11.02.2018 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега