Еден од директорите на „Еурокомпозит“ си уплаќал на сметка на своја фирма од авансите на Владата

Синдикалната организација на „11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп и на „Композитна опрема“ ДООЕЛ пред три дена до Министерството за внатрешни работи и до Основното јавно обвинителство во Прилеп поднесе кривична пријава против директорите на овие компании за злоупотреба на службената должност, пренесе МКД.МК.

Александар Кузески од Охрид, директор на „Еурокомпозит“ се сомничи за незаконска исплата на аванси за вработените при што била направена повреда на правата на работниците. Вработените сметаат дека Кузески спротивно на Законот за работни односи, за патни трошоци од Охрид до Прилеп си исплаќал пари исто како и пратениците што е „спротивно на член 113 од ЗРО, каде што е наведено дека работникот има право на надомест на трошоци при користење на приватен автомобил за службени патувања, но не и за одење на работа како што тоа го прави нашиот директор“.

Исто така, и Тони Дукоски од Охрид управител на „Композитна опрема“ како управител на „Композитна опрема“ во два наврати без никаква основа уплатил пари во фирмата „Ројал логистик интернационал“ со седиште во Велгошто, Охрид, фирма основана од него, а управувана од неговиот син.

Вработените  бараат исплата на бруто плата и исплата на заостанатите плати и придонеси од 2012 година.

 

 

 

 

11.02.2018 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега