МВР потврди: Момче и девојка загинаа на Кајмакчалан - пожарникарите не може да ги извлечат а се најавува бура

Вчера вечер околу 23 часот и 30 минути, на македонската страна на планината Кајмакчалан загинале двајца планинари, потврдуваат од МВР.

Најверојатно се работи за млада девојка и младо момче, на возраст од 26 и 35 години од Македонија, кои во 23 часот и 30 минути биле пронајдени мртви, а на местото на настанот поради непристапноста на теренот, со сите сили пожарникари и спасувачки екипи се обидуваат да ги извлечат.

Временските услови на Кајмакчалан се многу опасни, покрај снегот, најавени се бури.

Според грчкото планинарско друштво oд Меглен тие биле на грчката страна од планината, а нивните тела биле пронајдени на македонската страна.

 

 

 

11.02.2018 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега