На Ќафасан уапсен старец баран со потерница

На граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, уапсен е македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

Според албанската полиција станува збор за 78-годишниот Фета Кадрија од Гостивар, по кого меѓународна потерница имале распишано хрватските власти. Гостиварецот бил приведен при влез во Албанија, со цел, како што стои во соопштенето, да биде екстрадиран.

Потерницата била распишана по барање на Основниот суд во хрватскиот град Опатија, кој на 15 октомври 2010 година му изрекол затворска казна во траење од шест месеци за „фалсификување документи“. 

 

 

 

10.02.2018 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега