На Стража забрана за тешки товарни возила

На планинскиот премин Стража од 12:00 часот се воведува забрана за сообраќај  на тешки товарни возила. Од изутрината забрана за движење на тешки товарни возила има и на патниот правец Маврово – Дебар.

Снег врне на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

На патниот правец село Шипковица-Попова Шапка поради појава на магла видливоста е намалена од 30 до 40 метри.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.

 

 

 

10.02.2018 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега