Се молиме за душите на покојните: Задушница, спомен за починатите

 Православните христијани денеска одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Денешната Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела. Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела.

Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела поради тоа што не се јаде месо туку се јадат млечни производи. Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Воскресенито Христово - Велигден

 

 

 

10.02.2018 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега