Груби: Името е веќе решено - ги договараме деталите

Спорот со името веќе е решен и во престојните недели останува уште да се допрецизираат деталите вели во изјава за државната агенција МИА пратеникот од ДУИ и Член на националниот совет за евроинтеграци Артан Груби. Агенцијата пренесувајќи ја неговата изјава по средбата со конгресмените во Вашингтон наведува:

„Спорот со името е веќе решен. Во наредните недели треба само да се договорат деталите, за договорот со Грција да биде достоинствено и компромисно решение за двете страни. Со Грција започнавме да разговараме со јазик на пријатели, а не преку нишанот на историјата и градбите како досега. Имаме мерки за градење на доверба, веќе ги преименувавме автопатот и аеродромот. Идентитетот, културата, името и државата ќе ги заштитиме само ако бидеме дел од големото европско семејство“

Во меѓувреме пак денеска од Владата информираа дека премиерот Заев и официјално ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел на 21 февруари. Средбата е предвидена во рамките на посетата на македонската владина делегација на Германија што ќе ја предводи токму премиерот Заев . Главна тема се очекува да биде евроинтегративните процси на земјава . Дел од медиумите објавија и дека ќе се разговара и за позициите и улогата на Меркел околу спорот со името но од владата велат дека таа не е вклучена во преговорите.

Во меѓувреме преговорите за името меѓу Македонија и Грција и натаму се главна тема во грчките медиуми. Тие ја пренесуваат и изјавата на одговорниот за надворешни работи на опозициската Нова Демократија Јоргос Кумуцакос кој бара од Ципрас и неговата влада јасно да ги дефинира грчките црвени линии како што тоа го направи во Скопје на средбата со Нимиц шефот на македонската дипломатија Димитров.

Во знак на соработка пак меѓу Скопје и Атина и грчките, но и домашните медиуми пишуваат за денешната средбата меѓу градоначалниците на Скопје и Атина, Петре Шилегов и неговиот колега Јоргос Каминис. На средбата како локални лидери, двајцата градоначалници констатираа дека е неопходна соработката за заеднички проекти но и дека владите во Атина и Скопје треба да се фокусираат на она што ги поврзува двете земји а не она што ги разделува. Скопскиот градоначалник Шилегов на заедничката прес конференција ги поздрави медиумите и присутните на грчки јазик по што доби аплауз.

„Мило ми е што сум тука.“ - изјави Петре Шилегов, Градоначалник на Скопје.

Преговорите на релација Атина Скопје и престојниот период ќе продолжат веќе на15 и 16 ти месецов Коѕијас и Димитров треба да се сретнат во Софија а премиерот Заев најави и посета на Нимиц следната недела. Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер пак треба да дојде во Скопје на 25 февруари.

 

 

 

09.02.2018 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега