Компанијата „ИНБОХ“ нуди бесплатна помош за селење и заштита на Државниот архив

По објавата дека во Државниот Архив на Македонија, вработените имаат потешкотии за работа и нема услови за чување на архивскиот материјал, сопственикот на фирмата „ИНБОХ“ ја понуди својата помош.

Имено тој писмено напиша изјава во која  ги нуди сите ресурси на фирмата за помош за селење и заштита на Архивот и тоа бесплато.

„Ние разбираме дека Државниот Архив на Македонија во овој момент се соочува со големи предизвици. Тој има тешка мисија “да го чува и заштитува вековното културно и државното наследство на Македонија” а кога мисијата е безвременска, тогаш сигурно и очекувано е дека во некои фази ќе се појават предизвици кои треба да се надминат. Нашата мисија во ИНБОХ, како Архив е ИДЕНТИЧНА и затоа чувствуваме и професионална и општествена одговорност во овој момент да ги понудиме сите наши ресурси – архивски депоа, архивски сефови, логистика опрема, технологија и човечки ресурси во служба на Државниот архив за да се надмине предизвикот со кој се соочува. Нема место за паника, туку рационално и одговорно однесување.

 

Ние упативме формален допис до државниот архив, во кој го известуваме дека стоиме на располагање со сите ресурси без надомест во сите фази на организирање и управување со процесот на селење, привремена заштита и/или конзервација на архивскиот материјал.“

Гласи изјавата од Сопственикот на ИНБОХ, Г-динот Стојче Тасков.

 

 

 

09.02.2018 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега