Спикерот на Сенатот на Канада доаѓа во Македонија

На покана на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски во официјална посета на Република Македонија престојува Ноел Кинсела, спикер на Сенатот на Канада, кој ја предводи делегацијата во чиј состав се и сенаторите Перси Доун и Салма Атаулахјан.

По средбата со претседателот на Собранието Вељаноски, денеска спикерот на Сенатот на Канада Кинсела ќе се обрати пред пратениците во македонскиот Парламент.

Како што е најавено, Кинсела ќе има средба и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и со лидерите на петте верски заедници. 

04.09.2013 - 08:29

најчитано сега