Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, законодавно-правната комисија, за одбрана и безбедност и Комисијата за култура.

Предлог-законот за матичен број, во второ читање е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Законодавно - правната комисија на седницата ќе расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за лизинг, на Законот за управување со отпадот, на Законот за странци и на Законот за научно-истражувачка дејност, сите во прво читање. На агендата се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, на Законот за просветна инспекција и на Зкаонот за иновациска дејност, сите во второ читање.

Членовите на оваа комисија меѓу другото ќе расправаат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, во второ читање.

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност се очекува да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за странци, во прво читање.

Пратениците-членови во Комисијата за култура на денешната седница ќе дискутираат по Предлог-законот за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, во второ читање.

04.09.2013 - 08:26

најчитано сега