Груевски: Ако е донесена одлука однапред, подобро да не осудите отколку да не малтретирате

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот Т.Н.Т на Специјалното јавно обвинителство што се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски. 

Ако е донесена одлука однапред подобро да не осудите отколку да не малтретирате, му рече поранешниот премиер Никола Груевски на денешното судење на судијата Огнен Ставрев кој го одложи судењето за ТНТ за 15 февруари.

Груевски и Јанакиевски бурно реагираа кон судајата наведувајќи дека немаат време да ги слушаат прислушуваните разговори.

„Немањето на судница е проблем на судот, следната недела сме секој ден  на рочишта, не е фер судењето. Не е фер вака што се закажуваат рочишта, ние ли сме криви што судот нема судница“, рече Груевски.

Во случајот Т.Н.Т обвинети се седум лица, меѓу кои и градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Секој на претходното рочиште се изјасни како невин.

 

 

 

09.02.2018 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега