Шест лица заболени од шуга во Крива Паланка и Ранковце, петмина од грип

Во јануари на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце се регистрирани пет заболени од грип, а шест лица од двете општини заболеле од шуга, информираат од Подрачната единица на Хигиено-епидемиолошка служба на Центарот за јавно здравје – Крива Паланка.

– Месецот кој измина се регистрирани пет случаи на заболени од ова вирусно заболување на подрачјето на двете општини, а сите пациенти се на возраст до 15 до 64 години. Споредено со месец јануари во 2017 година, бројот на заболени е значително мал, бидејќи лани заболеле дури 58 лица од оваа возрасна категорија, додека 12 лица биле над 65 годишна возраст, изјави доктор Елена Крстевска од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошка служба на Центарот за јавно здравје-Крива Паланка.

Во однос на останати заразни заболувања, во јануари се регистрирани седум случаи на ентероколити и шест случаи на шуга.

– Од шуга во јануари се регистрирани шест лица, четворица повозрасни пациенти и две помлади лица од Ромска националност. Специфично е што во последно време, најчесто поради нeредовно oдржување хигиена, шугата се почесто се појавува, а брзо се пренесува при контакт со заболените лица, додаде Крстевска.

Посочи дека во останатите општини од државата бројот на заболени од грип е многу поголем, a малиот број регистрирани случаи на грип може да се должи и на тоа што во превентивниот период, пред почетокот на сезона на грип беа дадени околу 250 дози на вакцини против сезонски грип.

Во јануари ПЕ на Хигиено-епидемиолошка служба Крива Паланка спроведе и редовна постапка на дезинфекција, дезинсекција и дератизација во основните и средното општинско училиште од градот.

 

 

 

09.02.2018 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега