Одложено судењето за случајот „Труст“

Судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обивинителство е одложено за 13 февруари. 

Причина за одложување на денешното рочиште е болест на вештото лице кое требаше да даде исказ.

Првоосомничен во предметот „Труст“ е бизнисменот Сеад Кочан, но  две физички и три правни лица

Обвинителите од СЈО ги изведоа пред Судот сите докази, вклучително и бомбите, кои беа први аудио-материјали пуштени во судницата. На ред се доказите на одбраната по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. 

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година. 

 

 

 

09.02.2018 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега