На 21 февруари, Заев на средба со Меркел во Германија

 Премиерот Зоран Заев на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Мерекел. Средбата е предвидена во рамки на посетата на македонската владина делегација на Германија што ќе ја предводи Заев, потврдуваат од Владата за МИА. 

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст јули лани, на маргините од Самитот „ЕУ - Западен Балкан“. 

Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

 

 

 

09.02.2018 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега