Македонски патници заглавени во Париз – наместо во хотел , спиеле на под во спортска сала

Околу 40-тина премрзнати македонски патници, останале на аеродромот во Париз откако авионот заминал без нив затоа што доцнеле половина час поради невремето, јавува Канал 5

На минусни температури, во вреќи, на под, во спортска салa, македонски граѓани заглавени во Париз.

Голготата започнала кога поради снежното невреме авионот полетал без патниците, а автобусот со кој се враќале на аеродромот патувал многу бавно поради лошото време кое ја зафати Франција денеска.

40 те патници задоцниле на летот поради потешкотии во сообраќајот. Автобусот на релација Париз – аеродром Буве наместо час и половина, патувал 5 часа... Авионот неколкупати го одложувал летот, но само што стасале во аеродромската зграда, тој полетал. Бидејќи било речиси полноќ патниците немале енергија да се убедуваат и ја прифатиле непристојната понуда за преспивање во вреќи, на подот во спортска сала.

 

 

 

 

 

08.02.2018 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега