Три месеци пред свадбата, принцот Хари донесе одлука која го изнервира кралското семејство

Венчавката е закажана за 19 мај, а на списокот на гости ќе се најде и личност која не е пожелна меѓу неговите.

Уште еден скандал го тресе кралското семејство, а овојпат за тоа не е задолжена Меган Маркл. Иако на многумина им е чудно, принцот Хари е заслужен за големиот бес кој настана во неговиот дом.

Венчавката е закажана за 19 мај, а на списокот на гости ќе се најде и личност која не е пожелна меѓу неговите.

Станува збор за Сара Фергусон, поранешна жена на Ендрју, син на кралицата Елизабета.

-Хари ја донесе својата одлука. Ја сака Сара Фергусон на својата венчавка и така ќе биде. Било какви шпекулации околу нејзиното недоаѓање се само нагаѓања, рекол извор близок на дворецот.

Сара и Ендрју се развеле 1996 година, кога таа на југот на Франција е фатена во афера со финансиски советник. Тогаш се развела и заминала од кралското семејство, а 2010 година била на ивица на банкрот. Со поранешниот сопруг сега е во добри односи.

 

 

 

 

08.02.2018 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега