Трет обид на Грците: Нов повик за протест под мотото „Македонија е грчка“ на 25-ти февруари

Иконографијата на протестите беше видно иредентистичка, голем беше број на присутни кои во униформи на андарти вооружени до заби  протестираа против името Македонија. Симболиката со андартските униформи е јасна против македонците.

На социјалните мрежи кружи покана за настан за протест во грчкиот град Патрас на 25 февруари под мотото „Македонија е грчка“ на кој како и на последните два протести во Солун и во Атина, Грците ќе протестираат против примената на терминот Македонија во нашето име.

Протестот во Патрас е трет собир од ваков вид во Грција. Претходните два собира го мобилизираа грчкото општество, против нашата држава. Војници, црковниот клер, државни службеници беа во првите редови на протестите од што јасно се гледа дека настанот е во координација со официјалните грчки власти.

Иконографијата на протестите беше видно иредентистичка, голем беше број на присутни кои во униформи на андарти вооружени до заби  протестираа против името Македонија. Симболиката со андартските униформи е јасна против македонците.

Имено андартите се паравоена формација која беше формирана од Каравангелис во почетокот на минатиот век, а ги колеше и убиваше македонците во Егејска Македонија, палејќи десетици села.

 

 

 

 

08.02.2018 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега