Хан: Обединувањето на Европа ќе биде целосно само со вклучување на Западен Балкан

 

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан, на конференцијата Стратегија за Западен Балкан-Отворање на патот кон членство во ЕУ нагласи дека ЕУ е проект на мирот, стабилноста и просперитетот што може да биде целосен само ако Западен Балкан стане дел од Унијата. Тој истакна дека обединувањето на Европа, кое започна уште во 1989 година може да биде целосно само ако земјите од Западен Балкан се вклучат во тој проект.

Хан говорот го почна со потсетување на заборовите на претседателот на ЕК од минатиот септември дека иднината на ЕУ не е само во 27 членки и дека Стратегијата за проширување која е усвоена овие денови ја става засекогаш вон сомнежи европската перспектива за регионот. 

 

 

 

08.02.2018 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега